Skip to main content
Скопје

Со фотографија од Калифорнија, градоначалникот на Бутел порача дека ја следи состојбата со пожарот на Скопска Црна Гора

08/07/2025  15:21

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски на својот Фејсбук профил објави фотографија од пожарите во Калифорнија, тврдејќи дека тоа е фотографија од актуелните пожари на Скопска Црна Гора.

Фотографијата е од пред 12 години каде властите во Калифорнија тогаш наредија евакуација на населбата Дос Виентос во Њубери Парк, објави 4news.mk

Тој во својата објава вели дека општинскиот кризен штаб ја следел состојбата со пожарите на Скопска Црна Гора.

„До доцна во ноќта општинскиот кризен штаб беше активен и ја следеше состојбата со пожарите кои ја зафатија Скопска Црна Гора. По разговор со командирот на полициската станица и со останатите надлежни институции, Општина Бутел својата меганизација ја стави на располагање и спремна за делување. Вчеравечер доброволни екипи од месната заедница Љубанци учествуваа во гаснење и локализирање на пожарите. Остварив и телефонски разговор со општествено одговорни компании кои можат дел од својата градежна механизација да стават на располагање“, вели Костовски