Skip to main content
Хроника

Со џип намерно удрил во возач на тротинет, а потоа и физички го нападнал

27/03/2026  14:29

На 26.03.2026 во 16:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.С.(32) од Скопје затоа што околу 11:10 часот на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, со патничко возило „бмв” удрил во тротинет кој го управувал З.И.(41) од Скопје, а потоа и физички го нападнал.

По целосно документирање на случајот ќе следува кривична пријава по брза постапка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство” по член 386 од Кривичниот законик.