Skip to main content
Скопје

Со бадникарски оган верниците го одбележуваат празникот

05/01/2026  20:30

Верниците по повод христијанскиот празник Бадник, запалија бадникарски оган вечерва во Ѓорче Петров.

Според верувањата на православните христијани, овој оган го симболизира загревањето на пештерата кај Витлеем во која се родил Исус. Бадник, вообичаено се дочекува надвор, покрај бадникарскиот оган со погача, македонски песни и желби за здравје, среќа и подобро утре.

Огнот создава чувство на заедништво и сплотеност меѓу православните верници, и е незаборавен момент за сите присутни.