
На 08.12.2025 во 00:40 часот во ОВР Берово е пријавено дека пред угостителски објект во с.Будинарци, беровско, М.М.(52) од с.Возарци, кавадаречко, со патничко возило „хјундаи” со штипски регистарски ознаки, удрила во Д.Г.(38), кој бил заедно со Ѓ.Ч.(24), двајцата од с.Митрашинци, беровско.
Потоа излегла од возилото и со остар предмет се упатила кон Ѓ.Ч., по што физички го нападнала Д.Г. и го напуштила местото на настанот со уште едно лице кое било со неа во возилото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

