Skip to main content
Хроника

Со автомобил удрен пешак во Велес, пренесен е во болница

09/01/2025  12:26

Пешак бил удрен од автомобил синоќа во Велес, пришто се здобил со тешки телесни повреди.

Се работи за 71-годишен велешанец, додека автомобилот го управувало 28-годишно момче од градот.

Според информациите од МВР, несреќата била пријавена синоќа на крстосницата од улиците Алексо Демниевски, Вардарска и Наум Наумовски.

Пешакот е префрлен во општата болница во Велес. Извршен е увид.