![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2024/12/sneg.jpg)
Денес претпладне студено, преку денот умерено до значително облачно. Попладне и кон крајот на денот претежно во западните и источните планински региони ќе има појава на повремен слаб снег, понекаде и преку ноќта.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, велат од УХМР.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози.
Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на Попова Шапка и на планинскиот превој Буково, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.