Снежна бура го зафати Мексиканскиот залив и собори рекорд стар повеќе од еден век на снежни врнежи во регион каде белите снегулки се ретки. На северот и на истокот на земјата, пак, сè уште преовладува поларен студ.
Предупредување за снежна бура е на сила за 31 милион луѓе, од Јужен Тексас преку Џорџија до Вирџинија, соопшти Националната метеоролошка служба.
This is just wonderful. Music and snow in New Orleans. Heaven!pic.twitter.com/1x08aDrepI
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) January 21, 2025
Училиштата во Хјустон, четвртиот по големина град во САД, беа затворени во вторник и среда бидејќи се очекуваше да наврнат околу 10 сантиметри снег.
„Цел живот живеам во Тексас и никогаш не сум видел толкав снег“, вели Ишан Бајдани (29), сопственик на консултантска фирма во Хјустон. „Обично станува постудено, но овој фин снег, ова е прв пат“.
I’m still in disbelief this happened. Here it is. Timelapse of historic New Orleans snow storm. Snow got up to 12 inches on my snowboard in the French Quarter. pic.twitter.com/M9byQeZJGL
— Payton Malone WWL-TV (@paytonmalonewx) January 22, 2025
Властите во Хјустон истражуваат два смртни случаи кои можеби се поврзани со временските услови.
Снег паѓаше и во Њу Орлеанс, каде што се акумулираа речиси 25 сантиметри до вторник попладне по локално време, според Националната метеоролошка служба.
Во Њу Орлеанс немало снег веќе 15 години.
„Останете дома и држете се надвор од патиштата“, рече градоначалникот на Њу Орлеанс ЛаТоја Кантрел во видео порака до жителите преку социјалните мрежи.
Соборувајќи го рекордот стар 144 години, повеќе од 15 сантиметри снег падна во Мобил, Алабама.
Покрај патниот сообраќај, невремето го наруши и авиосообраќајот, па летовите беа одложени или откажани во вторник. Според Flightaware.com, повеќе од 1.000 летови кои поаѓаат или летаат до интерконтиненталниот аеродром „Џорџ Буш“ во Хјустон се откажани.
Температурите паднаа многу под нулата низ целиот регион, што ги натера синоптичарите и локалните власти да ги повикаат жителите да се заштитат од смрзнатини и да преземат чекори за да спречат пукање на водоводните цевки.