Skip to main content
Македонија

Снег ја блокира Стража – забрана за тешки возила кон Кичево и Дебар

06/04/2025  14:58

Од 15:25 часот, поради обилни врнежи од снег, е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Надлежните апелираат до возачите да бидат внимателни, да ја следат состојбата на патиштата и да ги почитуваат сите препораки и мерки со цел безбедно патување.

Се очекува времената забрана да остане на сила додека не се подобрат временските услови и не се расчистат патните правци.