Skip to main content
Свет

Снег и мраз ја парализираа Франција и Британија 

07/01/2026  13:03

Во Париз и северна Франција, обилните снежни врнежи предизвикаа сериозни прекини во сообраќајот. Автобускиот превоз во главниот град е во прекин. Властите воведоа забрана за движење за камиони и училишни автобуси во една третина од административните департмани. Се очекува јужниот дел на Велика Британија да биде најсилно погоден утре и задутре.

Холандската авиокомпанија КЛМ откажа 600 летови на аеродромот Схипхол во Амстердам, додека француската цивилна авијација го намали бројот на полетувања од аеродромите „Шарл де Гол“ и „Орли“.

Властите ги советуваа граѓаните да работат од дома, додека трговските синџири, како „Карфур“, предупредуваат на можни прекини во синџирите на снабдување, особено при испораката на свежи производи.