Skip to main content
Македонија

Снег до среда, а потоа стабилно и студено време

13/01/2025  12:16

Утре во земјава ќе има повремени врнежи од претежно слаб снег во западните и југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринските температури насекаде ќе бидат негативни.

MK Summit

Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи во деновите потоа ќе преовладува стабилно и понатаму студено време, со ниски утринските температури кои поради разведрувањето дополнително ќе опаднат и наместа ќе се спуштат под -10 степени.

Од средината на неделата ќе има услови за појава на утринска магла.