По повод новогодишните и божиќните празници градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевскки, додели 100 смарт таблети, таму кадешто е најпотребно во трите основни училишта на територија на општина Илинден. Смарт уредите се наменети за ученици од прво до осмо одделение, како и за ученици од социјално ранливи семејства, со цел успешно следење на наставата по новиот концепт и програма.
Градоначалникот Георгиевски, истакна дека главната цел, е обезбедување на квалитетна настава и креирање на можности за унапредување на воспитно-образовниот процес. Со овие таблети ќе им се помогне на децата од социјално загрозените семејства, ќе се зголеми квалитетот на образовниот процес на учениците, а локалната самоуправа цели кон модерно и современо образование за сите млади.
Денеска градоначалникот додели новогодишни пакетчиња и за децата со попреченост од двете хуманитарни здруженија ,,Боиме сино” и ,,Илинден” кои се единствени на територија на општина Илинден и со кои локалната самоуправа има потпишано Меморандум за соработка.
Како што изјави градоначалникот Георгиевски, со овие новогодишни пакетчиња сакаме и на овие деца да им подариме насмевка и да почувствуваат дека се дел од нас, а ние не сме ги забораваме.
Градоначалникот Александар Георгиевски на сите деца им посака во новата 2025 година да имаат здравје, среќа и љубов.