
Службено возило на „Македонски шуми“ е забележано пред штаб на политичката партија во валандовско Брајковци.
Локално население ја испрати фотографијата до Инфомакс и објасни дека возилото е пред штабот на владејачката партија.
Службените возила не смеат да бидат злоупотребувани во политички цели. Дополнително доколку штабот е отворен, а службени лица со службено возило се внатре станува збор за прекршување на изборниот молк.
Извор: infomax.mk

