Skip to main content
Македонија

Службените возила летово ќе ги добијат новите регистарски таблички

28/04/2025  12:32

Според новиот Правилник сите службени возила на институциите треба да имаат посбени регистарски таблички во боја.

Тие треба да бидат во црвена боја додека бројките и буквите во жолта боја со цел да станаат штп повоочливи.

Ова беше најавено кон крајот на минатата година па 24инфо.мк се обрати до Службата за општи и заеднички работи до каде е реализација на овој проект.

Оттаму со одговор дека се комплетира неопходната документација, а очекувањата се дека кон средината на идниот месец ќе заврши јавна набавката за имплементација на проектот.

„Постапката за унифицирање на регистарските таблички на службените возила е во тек.
Во моментот, се комплетира неопходната документација, а очекуваме кон средината на идниот месец да заврши јавна набавката за имплементација на проектот. Со оглед на временските рокови кои ги налага законската и транспарентна процедура, очекуваме дека со унифицирањето ќе започнеме летово.

Проектот за унификација на регистарските таблички на службените возила има за цел да воспостави единствен и стандардизиран систем за идентификација на службените возилата кои ги користат државните институции.
Овој систем ќе овозможи полесно следење и контрола на користењето на службените возила, зголемувајќи ја транспарентноста во користењето на јавните ресурси, односно намалување на можностите за нивна злоупотреба“ велат од СОЗР.

Инаку, во државата има околу 6500 државни службени автомобили на целата територија.