Skip to main content
Балкан

Случајот во Брчко откриен благодарение на 12-годишно девојче кое побегнало од куќата и побарало помош од комшија

26/02/2025  20:20

Полицијата и надлежните служби пронашле 31 дете во куќа во Брчко, Босна и Херцеговина. Според порталот Кликс.ба (Klix.ba), децата имале хрватски пасоши, а неколку лица се уапсени поради сомнение дека сториле повеќе кривични дела меѓу кои и трговија со луѓе.

Децата кои беа пронајдени во куќата се згрижени во Центарот за социјална работа и Црвен крст. Бојана Савиќ, новинарка на Радио Телевизија Хит од Брчко, за Еуроњуз Србија изјави дека случајот е откриен благодарение на дванаесетгодишното девојче кое побегнало од таа куќа и побарало помош од соседот, кој потоа повикал полиција.

Савиќ додава дека досега се уапсени пет лица и дека се очекуваат нови апсења.

„Имаме неофицијални информации, па нивните родители ги оставиле кај таа жена во таа куќа, и платиле хонорар за грижа за нив додека наводно отишле во Италија да работат, дали тоа било легална работа или, како што некои претпоставуваат, џебна кражба и питачење, тоа допрва треба да се утврди“, вели таа.

Во Брчко полицијата во една куќа затекнала 31 дете, а некои од нив биле и помалку од една година.

Една од уапсените е жена, најверојатно италијанска државјанка, која ги чувала децата, кои според достапните информации имале хрватски пасоши.

Извор од Црвениот крст за Еуроњуз Србија изјави дека децата се згрижени, лекарски прегледани и дека не се физички повредени.