Skip to main content
Македонија

Словенечкиот тим од 61 пожарникар заминува од земјава, утре чешкиот „Блек Хок“

03/08/2025  12:24

Дирекцијата за заштита и спасување информира дека денеска заминува словенечкиот тим од 61 пожарникар специјализирани за гаснење на шумски пожари, со 18 возила.

“Во завршниот збор им се заблагодарив од име на македонската влада и македонските граѓани, а од име на Дирекцијата за заштита и спасување им доделив пригодни благодарници”, вели Ангелов. Утре заминува и чешкиот Блек Хок со седумчлената посада.

Тој додаде дека за гаснење на пожарот на територијата на општина Долнени во атарот на с. Стровија на местото викано Гајдарец – Клепало, рано утрово со полициски хеликоптер беа исфрлени екипи на Национални Шуми со неколку доброволци ловци кои за неколку часа целосно го изгаснаа овој пожар на отворен простор кој имаше зафатено поголема површина со сува и висока трева по гребенот на планината.

Пожарот на планината Готен е целосно изгаснат и од радовишката и од беровската страна. Во овој момент нема активни пожари, соопшти Ангелов.