Skip to main content
Спорт

Слот прогласен за тренер на сезоната во Премиер лигата

28/05/2025  11:42

Менаџерот на Ливерпул Арне Слот е прогласен за тренер на сезоната од страна на Здружението на менаџери (LMA), освојувајќи ја наградата Сер Алекс Фергусон.

Победникот беше прогласен синоќа на 33-та годишна церемонија на доделување награди во Лондон.

– Членовите на „LMA“ ја препознаа неверојатната улога што ја одигра Арне Слот во водењето на неговиот тим до славата во Премиер лигата во фантастичната дебитантска сезона во англискиот фудбал, објави „LMA“.

Ливерпул сега заврши на првото место во Премиер лигата со 84 бодови.