Skip to main content
Македонија

Следува променливо време: Наутро зима, преку ден вистинска пролет и температури до 20 степени

09/03/2026  10:07

Метео анализа на Славчо Попоски:

Во текот на оваа седмица повторно ќе имаме многу повеќе сонце особено од утре вторник 10-ти март 2026. Ќе бидеме под влијание на стабилна, сува  и на релативно топла воздушна маса од југ која ќе условува да имаме релативно високи температури на воздухот преку ден и тие ќе бидат над просекот за овој период од годината  и ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени.

Сепак, наутро ќе биде релативно ладно со температури кои на повеќе места ќе се спуштаат за неколку степени под нулата и ќе има појава на слаб мраз  и на слана.

Во Скопје  и околината наутро температурата ќе се спушта до околу 0 степени а преку ден таа ќе се искачува до околу 18 степени.

Да напоменам дека во следните денови повторно ќе имаме огромна разлика помеѓу минималните утрински и максималните дневни температури на воздухот, односно наутро тие ќе бидат зимски а преку денот тие ќе бидат навистина пролетни па токму ова особено негативно ќе се одрази врз метеопатите, односно токму кај метеопатите се можни поголеми здравствени проблеми.