Skip to main content
Македонија

СЛЕДНИОТ ВИКЕНД ПРОБИВА ПОТОПЛА ВОЗДУШНА МАСА ОД ЈУГ КОН МАКЕДОНИЈА: Температури и над 15 степени, сепак, температурна инверзија ќе има!

19/01/2025  20:10

Метео анализа на Славчо Попоски:

Барем од она што можам сега да го кажам, следниот викенд, односно на 25  и на 26 јануари кон Македонија ќе продре значително потопол воздух од југ  и од југозапад, па токму ова ќе услови натпросечно високи температури на воздухот кои на повеќе места ќе надминуваат 10 степени, а во југоисточните предели тие ќе се искачат до околу, па дури и над 15 степени.

Сепак и покрај ова, температурната инверзија ќе се задржи и во новата седмица во Македонија, односно ќе има денови кога на планините  и на Скијачките центри ќе биде потопло, од колку по котлините каде ќе има многу пониски температури до околу, па и под нулата, како и појава на густа магла и ниска облачност, особено во ноќните  и во утринските часови.

Ќе остане претежно тивко времето и без ветер.

Исто така, новата седмица ни носи и повеќе облачност, па  и услови за повремени послаби врнежи од дожд, а на планините над 1300, 1400 метри надморска височина ќе има послаби врнежи од снег, особено во вторник.