Skip to main content
Македонија

Следната седмица, и во декември се двата последни неработни денови за сите граѓани во Македонија

18/10/2025  09:20

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија до крајот на 2025 година остануваат уште два неработни дена, односно празнување за сите граѓани на Македонија.

Првиот ни доаѓа следната седмица во четврток кога ќе го празнуваме 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба, а последниот е понеделник на 8 декември кога се слави големиот “Св. Климент Охридски”.

Инаку, За граѓаните од католичка вероисповед неработни денови ќе бидат и 1 ноември и 25 декември. За Албанците неработен ќе биде и 22 ноември, а за Турците во Македонија – 21 декември.