Skip to main content
Македонија

Слаткар и Тони Зен го откажаа концертот: “Не ни е до песна, ни до микрофон”

24/03/2025  14:09

Марко Маринковиќ – Слаткар и Тони Зен го откажаа концертот кој требаше да се случи на 5 април и го презакажаа за 11 октомври во Арената Борис Трајковски. Ова се должи на трагедијата која се случи во Кочани кога 59 млади лица го загубија животот во дискотеката “Пулс”.

Во објава на социјалните мрежи тие појаснија дека ова не е време за песна, не е време за микрофон. Ова што се случи ја скина душата на цела нација.

– Не ни е до песна, не ни е до сцена, не ни е до светло, не ни е до микрофон.

Ова што се случи… ја скина душата на цела нација. Нè боли. Нè дави. И не можеме да се правиме дека не е така.

Затоа, заедно со @pragmaproduction решивме концертот кој беше планиран за 5 април, да го презакажеме за 11 октомври.

Ќе дојде време за музика, за глас, за сила. Ама сега – само молк. И почит.

Бидете добри!