Skip to main content
Музика

Скршено срце и спомени што болат: Ана Костадиновска сподели приказна за пријателите од ДНК што загинаа во пожарот во Кочани

16/09/2025  10:16

Сара Пројковска, која го загуби животот во пожарот ѝ беше како сестра на Ана, тие со години пееја заедно како придружни вокали и беа блиски другарки. Сара Пројковска беше професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Андреј Ѓорѓиески, вокалот на дуото ДНК е еден од загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани. Животот го загубија и Александар Ефремов, фотограф на бендот ДНК, клавијатуристот Филип Стевановски кој беше директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“ , тапанарот на бендот Ѓорги Ѓоргиев, битбоксерот Мартин Атанасовски- Буцо, како и штипскиот бас гитарист Александар Коларов.

Владимир Блажев- Панчо го преживеа пожарот. Според последните информации, тој има сериозни изгореници и уште е на болничко лекување.

Ана и Сара последниот стих заедно го испејаа токму на тој ден, 16 март во Кочани, во дискотеката „Пулс“, каде што Сара, заедно со уште 62 млади луѓе, трагично го загуби животот во пожарот. Сара Пројковска беше самохрана мајка на две деца. Нејзиниот поранешен сопруг кој беше џез музичар и професор по труба, Александар Николовски почина во 2021 година.