Skip to main content
Македонија

Скопските булевари на смртта: Колку уште жртви се потребни за преземање мерки?

31/01/2025  22:22

Трагичната несреќа во која животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова повторно го поставува прашањето за безбедноста на булеварите во Скопје. Булеварот „Партизански одреди“, каде што се случи несреќата, е еден од најфреквентните, но и најопасните патни правци во градот, каде што честопати се пријавуваат сообраќајни несреќи со тешки последици.

Ова, сепак, не е единствениот ризичен булевар во Скопје. Граѓаните редовно пријавуваат преголема брзина, небезбедни пешачки премини и недостаток на соодветна контрола на:
• Бул. Партизански одреди
• Бул. Илинденска
• Бул. Христијан Тодоровски Карпош
• Бул. Србија
• Бул. Јане Сандански
• Бул. Првомајска
• Бул. Словенечка

И покрај бројните поплаки и трагични исходи, мерките за подобрување на безбедноста остануваат минимални. Проблемите со несоодветна сигнализација, недостаток на контрола на брзината и недоволно присуство на полиција придонесуваат кон повторување на вакви трагедии.

Време е градските власти и институциите одговорни за сообраќајот да ги слушнат повиците на граѓаните. Поставување на повеќе камери за контрола на брзината, засилено полициско присуство и подобро осветлување на критичните зони може да бидат клучни чекори во спречување на идни несреќи.

Прашањето останува: Дали ќе се преземат мерки пред да изгубиме уште животи?