Skip to main content
Скопје

Скопска романтика: Девојка во потрага по момче на мотор кого на кратко го запознала на пешачки во Ѓорче

22/08/2025  21:11

Порака до фан страницата Мелеем Скопје која обработува теми поврзани со урбанизмот во главниот град денеска стана виралана поради, да кажеме оригинална и несекојдневна содржина.

Имено, до страницата се обратила една девојка која се обидува да стапи во контакт со момче моторџија која кратко го запознала на пешачки премин во населбата Ѓорче Петров.

„Денеска наутро на овој убав дождлив ден на семафорите во Ѓорче Петров, додека чекав да се запали зелено светло, застана еден дечко со мотор и ми побара сува палома за да се избрише…паломата ја доби, но јас не го добив неговото име ниту контакт, зборував на телефон и едноставно таков беше моментот“ стои во пораката.

Понатаму, девојката во пораката пишува ако е возможно сето тоа да се објави па можеби момчето ќе прочита и можеби во понеделник би бил на истиот пешачки во истото време, за пак да се видат и запознаат.

Редакцијата на 24инфо ѝ посакува среќа на девојката со верба дека повторно ќе се види и ќе се запознае со момчето на моторот.