Skip to main content
Скопје

Скопје се уште се гуши во смет: Контејнерите повторно преполни, никој не ги празни (ФОТО)

08/10/2025  17:33

Денес контејнерите во општина Аеродром повторно се преполни со смет, а ѓубре има и надвор од нив, па само прашање на време е кога оваа ситуација ќе стане и здравствена криза.

И додека власите и институциите само си ја префрлаат топката, граѓаните се тие кои ја плаќаат цената и постојано живеат затрупани во смет, бидејќи никој не ги чисти контејнерите.

Граѓаните плаќаат за чист град, но тоа никако да го добијат. Во пресрет на локалните избори, кандидатите за градоначалници нудат различни решенија за почисто Скопје, но останува да видиме дали или како ќе се реши овој проблем кој не враќа во средниот век.