Skip to main content
Скопје

Скопје сардисано од лисици, вечерва и во Кисела Вода

15/06/2025  22:08

Лисица вечерва се појавила во скопската населба Усје, општина Кисела Вода.

На фотографијата испратена од читател се гледа лисица близу куќите.

Ова е трета локација во Скопје каде се имаат појавено лисици.

Прво беа забележани во Козле, а утрово и во близина на парк шумата Гази Баба.

Засега, нема реакции од надлежните додека граѓаните стравуваат за својата и безбедноста на децата.