Skip to main content
Скопје

Скопје на второ место во Европа по загаденост на воздухот

17/12/2025  11:01

Скопје утрово повторно се најде високо на листата на најзагадени градови во светот, покажуваат податоците на швајцарската платформа IQAir. Околу 10 часот, главниот град на Македонија беше рангиран на 19. место глобално и на второ место во Европа според загаденоста на воздухот.

Индексот на квалитет на воздухот во Скопје достигна 154, што го сместува во категоријата „нездрав воздух“. Ова ниво на загадување претставува ризик за здравјето, особено за чувствителните групи, како децата, повозрасните лица и лицата со хронични респираторни и кардиоваскуларни заболувања.

Според податоците од мерните станици, концентрацијата на ситните честички PM2.5 во Скопје е дури 12 пати над годишната референтна вредност препорачана од Светската здравствена организација. Овие честички продираат длабоко во белите дробови и можат да предизвикаат сериозни здравствени последици при подолга изложеност.