Скопје денеска се најде на четвртото место на листата на најзагадени градови во светот, со индекс на квалитет на воздухот (US AQI) од 204, што го категоризира воздухот како „нездрав“.
Според мерењата, концентрацијата на PM2,5 честички е 21,3 пати над препорачаната годишна вредност од Светската здравствена организација.
Препораки за заштита:
• Избегнувајте физички активности на отворено
• Држете ги прозорците затворени за да спречите влегување на загаден воздух
• Носете заштитни маски при излегување
• Вклучете прочистувачи на воздух во затворени простории
Загадувањето останува сериозен проблем за граѓаните на Скопје, додека надлежните апелираат за внимателност и преземање на мерки за заштита на здравјето.