Skip to main content
Скопје

Скопје ќе се кити со 53.000 евра

07/12/2025  15:39

Скопје ќе добие новогодишно украсување вредно 3.260.000 денари (околу 53 илјади евра), а тендерот го доби скопската фирма „Линк Медиа Плус ДООЕЛ“, која како единствен понудувач ќе го изведе проектот. Компанијата веќе добила и слични тендери во Општина Центар и во Штип, а во минатото работела и на празнични декорации во Кавадарци и Чаир.

Според спецификацијата, најголемиот дел од украсите ќе бидат поставени на плоштадот „Македонија“ и ќе вклучуваат: новогодишна елка висока 13 метри, 3Д фигури како мечиња и подароци, големи светлосни ѕвезди, „ѕвездено небо“ од околу 800 м² лед-мразулци и светлосни обвивки на 25 канделабри.

Покрај плоштадот, украсите ќе ги красат и главните улици и булевари во Скопје, како „Даме Груев“, „Димитрија Чуповски“, „11 Октомври“, „ВМРО“, „Гоце Делчев“, „Партизански Одреди“ и „Филип Втори Македонски“. Пред Владата ќе бидат поставени 40 светлосни елементи, слични на оние што ќе бидат на булеварите.

Фирмата е задолжена и за демонтажа на декорациите по завршувањето на празничниот период. Градот се уште не објавил точен датум за започнување на поставувањето, кое треба да следи веднаш по формалното потпишување на договорот.