Skip to main content
Скопје

Скопје и вечерва се гуши – чад и смрдеа низ Лисиче и Аеродром

10/09/2025  21:04

Силна смрдеа се чусвтвува вечерва низ делови од Скопје, пријавуваат граѓаните на социјалните мрежи.

Загадувањето е најголемо во населбите кои се во близина на Вардариште како Ново Лисиче и Аеродром, но не се поштедени ниту Маџари и Драчево

Светски центри за мерење на загаденоста во 20.50 часот измерија концентрација од 157 Пм честички во населба Аеродром.

Инаку смог и непријатна миризба и утрово го прекри источниот дел од Скопје и истата се задржуваше речиси преку целиот ден, за вечерва повторно да стане неподносливо.

Граѓаните се револтирани и загрижени за своето здравје, затоа што ако до лани загадувањето беше главно во зимските месеци, сега тоа постои речиси низ целата година.