Skip to main content
Музика

SKOPJE CALLING 2025 ЗА ИСТОРИСКИ УНИКАТНО МУЗИЧКО ЛЕТО ВО МАКЕДОНИЈА!

10/06/2025  15:33

Супер култните MASSIVE ATTACK со својата аудио-визуелна магија,
JOKER OUT како свежиот и неприкосновен rock and roll глас на новата генерација
и долгоочекуваниот NICK CAVE со својата мистична длабочина на Skopje Calling 2025 за
најголемото фестивалско издание досега!

Три вечери, три имиња, една незаборавна музичка приказна за сите генерации.

Влезниците се во продажба онлајн нa www.avalonbooking.mk

Со Skopje Calling 2025 заедно отвораме ново поглавје во музичката историја на
Македонија –
се гледаме ова лето на Стадион на АРМ, велат од Авалон продукција.