Skip to main content
Хроника

Скопјанка се повредила додека работела во продавница во Центар

08/10/2025  15:53

Скопјанка е повредена додека работела во продажен објект во скопски Центар.

– На 07.10.2025 во 14:05 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив со повреди била донесена М.Ш.(54) од Скопје. Според пријавеното, таа со повредите се здобила додека извршувала работни задачи во продажен објект на подрачјето на Центар, стои во денешниот полициски билтен.

Известен е трудов инспектор.