Skip to main content
Хроника

Скопјанка пријавила во МВР дека бистата со ликот на нејзиниот покоен брат била украдена од гробишта

24/06/2025  15:12

Седумдесет и петгодишна скопјанка во МВР пријавила дека од гробно место во селото Орешани, општина Зелениково, била украдена биста со ликот на нејзиниот починат брат.

-На 24.06.2025 во 08.40 часот во СВР Скопје, В.Т.(75) од Скопје пријавила дека во периодот од 03.11.2024 до 08.05.2025 од гробно место во село Орешани, општина Зелениково, била одземена биста со ликот на нејзиниот починат брат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.