Skip to main content
Хроника

Скопјанка преживеала хорор во Струга: На сила на внеле во возило

12/06/2025  15:31

Утрово во 04.30 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека околу 02.00 часот на ул.„Маршал Тито“ во Струга, лицето А.Н. и уште едно лице со употреба на сила ја внеле С.Е.(22) од Скопје во патничко возило и заминале од местото.

Во 09.11 часот во СВР Охрид, лекар од Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје пријавил дека С.Е. побарала помош кај нив и ѝ биле констатирани телесни повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.