Skip to main content
Хроника

Скопјанка ограбена среде бел ден во Центар

18/06/2025  14:00

Скопјанка пријавила дека во сред бел ден во центарот на Скопје, со примена на физичка сила и била одземена чантата во која имала пари.

„На 17.06.2025 во 13.50 часот во СВР Скопје, М.П.(36) од Скопје пријавила дека околу 12.35 часот на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице со употреба на физичка сила ѝ ја одзело чантата во која имала пари, стои во полицискиот билтен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.