Skip to main content
Хроника

Скопјани тешко се повредени откако се обиделе да го стартуваат џипот со туркање, па им се лизнал по удолница

12/06/2025  15:21

На 11.06.2025 во 14.32 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Брест, општина Чучер Сандево, М.Б.(49) и М.Б.(20), двајцата од с.Брест, скопско, откако стартувале патничкото возило „џип“ со скопски регистарски ознаки со туркање, изгубиле контрола над возилото и се лизнале по удолница. Со тешки телесни повреди се здобил М.Б.(49), а со телесни повреди се здобил М.Б.(20), констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, стои во полицискиот билтен.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.