
Скопјанец во својот двор на улицата „Методија Андонов Ченто“ пронашол експлозивна направа. Случајот вчера го пријавил во СВР по што полициски службеници од Полициската станица Гази Баба излегле на местото и констатирале дека се работи за рачна бомба.
Како што информира МВР, бомбата била стар модел и кородирана.
Известена била и Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при МВР.