Skip to main content
Хроника

Скопјанец удрил во заштитна ограда на исклучокот од патот Прилеп – Градско и ја качил на покривот на возилото

05/08/2025  18:10

Во СВР Велес денеска било пријавено дека околу 09.00 часот на исклучокот од експресниот пат Прилеп – Градско кон автопатот Гевгелија – Скопје, патничко возило „даеву ланос“ со скопски регистарски ознаки управувано од 73 годишниот К.Б. од Скопје, удрило во заштитна ограда, информира попладнево за МИА портпаролот Биљана Ѓаковска.

-Во несреќата е настаната материјална штета. Увид изврши увидна екипа од СВР Велес, појасни Ѓаковска.

Од објавената фотографија на граѓанин на социјалните мрежи се гледа дека К.Б, заштитната ограда од ударот ја качил на покривот на своето возило.