Skip to main content
Хроника

Скопјанец уапсен зашто тепал двајца сограѓани, самиот пријавил дека го тепале други двајца

31/03/2025  20:11

32-годишен скопјанец вчераутро бил уапсен кај Бит-пазар, откако двајца сограѓани го пријавиле дека ги нападнал со метален предмет. Уапсениот во полиција исто така пријавил дека бил тепан со тврд предмет, но од други двајца луѓе, соопшти МВР.

„На 30.03.2025 во 10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници го привеле Р.Ш.(32) од Скопје, по претходна пријава дека околу 09:30 часот, поради нерасчистени имотно-правни односи физички ги нападнал Ф.Б.(65) и А.Б.(41) од Скопје, при што употребил метален предмет, додека Р.Ш. пријавил дека претходно бил физички нападнат од Д.Б.(43) и К.Б.(21), двајцата од Скопје, при што употребиле тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави“, пишува во полициското соопштение.