Skip to main content
Хроника

Скопјанец тешко повреден, возачот што го удрил избегал

31/01/2026  14:51

На 29.01.2026 околу 17.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„11-ти Октомври” во Скопје патничко возило удрило во пешакот Б.И.(38) од Скопје по што возачот со возилото го напуштило местото на настанот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски”.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.