
Во текот на вчерашниот ден во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат за Врбенски манастир во Гостивар, 24-годишен скопјанец со моторцикл „јамаха“ излетал надвор од коловозот.
„На 01.06.2025 во 14.05 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионален пат за Врбенски манастир во Гостивар, мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Д.(24) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Гостивар“ стои во полицискиот билтен.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.