Skip to main content
Хроника

Скопјанец следел и вознемирувал 50-годишна жена, и го оштетил дури и возилото

17/06/2025  14:08

На 16.06.2025 во 12.30 часот во СВР Скопје, 50-годишна жена од Скопје пријавила дека подолг временски период била следена и вознемирувана на социјална мрежа од нејзиниот сосед В.П. од скопско село, кој ѝ го оштетил и нејзиното патничко возило, соопштија од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.