Skip to main content
Хроника

Скопјанец си ја претепал 55-годишната мајка

27/08/2025  17:42

Скопјанка на возраст од 55 години пријавила дека вчера била физички нападната од нејзиниот 29-годишен син во семејниот дом во околината на Бит Пазар, информираат од МВР.

„Вчера (26.08.2025) во 19:50 часот во СВР Скопје, 55-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 11:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот син И.З.(29) од Скопје“, се вели во полициското соопштение.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.