Skip to main content
Хроника

Скопјанец си го нападнал малолетното дете и партнерката

09/06/2025  14:18

Денес по полноќ скопската полиција го привела 39-годишниот В.Т. од Скопје по пријава дека претходно ги нападнал својата 36-годишна партнерка и нивниот малолетен син.

„Денеска (09.06.2025) во 00.35 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го привеле В.Т.(39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека физички ги нападнал неговата 36-годишна партнерка и нивниот малолетен син“, стои во полицискиот билтен.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.