
21-годишен скопјанец заврши со повреди откако бил нападнат и удрен со пиштол додека се обидувал да спречи тепачка, информира МВР.
Инцидентот се случил на 16 февруари околу 07:00 часот во дом на негов пријател во населбата Ченто. Според пријавата, расправија меѓу А.А. и неговиот другар прераснала во физичка пресметка, а кога Д.Т. (21) се обидел да ги раздвои, А.А. го нападнал и го удрил со пиштол.
Полицијата работи на расчистување на случајот.