Skip to main content
Хроника

Скопјанец пронајден починат во својот двор – телото предадено на обдукција

01/10/2025  13:39

Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од семејна куќа на подрачјето на Драчево бил пронајден починат Љ.Т.(68) од Скопје.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.