Skip to main content
Хроника

Скопјанец нападнат по сообраќајка во Чаир

30/05/2025  14:26

Скопјанец физички нападнат од две лица по претходно случена сообраќајка.

– На 29.05.2025 во 21.30 часот во СВР Скопје, Т.Т.(51) од Скопје пријавил дека околу 20.25 часот на подрачјето на Чаир, по претходна случена сообраќајна незгода, бил физички нападнат од две машки лица, стои во денешниот полициски билтен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.