Skip to main content
Хроника

Скопјанец нападнат по конфликт во сообраќајот во Центар

16/07/2025  19:45

На 15 јули 2025 година околу 16:10 часот, на подрачјето на Центар во Скопје, Ѓ.Д.(43) од Скопје пријавил дека бил физички нападнат по претходно недоразбирање во сообраќајот. Напаѓачот му го искршил ретровизорот на неговото патничко возило. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот и идентификација на сторителот. Повредени лица нема пријавено.