Skip to main content
Хроника

Скопјанец кршел во кафеана во Карпош, со стакло го повредил келнерот

03/04/2025  13:55

Синоќа во 22.10 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го уапсиле 35-годишнот С.М. од Скопје поради дивјачко однесување во угостителски објект на подрачјето на Карпош.

„Имено С.М. агресивно се однесувал кон вработените во објектот, кршел дел од инвентарот, упатувал закани со остар предмет, а со стаклен предмет му нанел повреда на раката на еден од вработените. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, велат од МВР.