Skip to main content
Хроника

Скопјанец е тешко повреден откако паднал од електричен тротинет

28/04/2025  13:01

На 27.04.2025 околу 20.10 часот во СВР Скопје e пријавено дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, Б.Ј.(38) од Скопје, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Ј., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопштија од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.