Skip to main content
Скопје

Скинат кабел остави без улично осветлување една улица во Карпош

16/09/2025  10:09

Од Општина Карпош утрово информираа дека поради скинат кабел, во прекин е уличното осветлување на дел од улицата „Будимпештанска“.

„Ве информираме дека поради скинат кабел, во прекин e уличното осветлување на дел од улица Будимпештанска“, информираат од Општината.

Од таму посочуваат дека екипите на општина Карпош направиле увид на местото и во најскоро време ќе го санираат дефектот.